Достапни линкови

logo-print

Казахстанските новинари добија контроверзен „етички код “


Илустрација

Илустрација

Казахстанското министерство за култура и информации денеска го презентираше контроверзниот „етички код за новинари“ пред новинарското здружение и Клубот на уредниците. Кодот е опишан како „инструмент за самодисциплинирање на новинари, морални и етички стандарди за новинари кои ќе им помогнат на медиумите да стекнат доверба и почит од општеството.“ Министертвото соопшти дека непочитувањето на правилата во кодот нема да бидат кривично санкционирани и дека кодот е направен по препораките на претседателот Нурсултан Назарбаев. Независните новинари и активистите за заштита на човековите права во Казахстан соопштија дека ова е само нов инструмент за контрола на медиумите и за создавање на самоцензура.
XS
SM
MD
LG