Достапни линкови

Груевски чека момент да одговори на меморандумот од Грција


Одговорот ќе следува во моментот кога тоа ќе биде од интерес за двете земји и нивното приближување, го повтори владиниот портпарол веќе познатиот државен став.

Иако премиерот, на пратеничко прашање во парламентот, најави дека одговор на грчкиот меморандум ќе биде испорачан наскоро, владиониот портпарол појаснува дека станува збор за истиот непроменет државен став кој беше изнесен и претходно од страна на министерот за надворешни работи, а тоа е дека одговорот ќе следува во моментот кога тоа ќе биде од интерес за двете земји и нивното приближување.
Во тој нацрт прво ќе биде валоризиран членот 11 од привремената спогодба, со кој Грција се обврза да нė не попречува во евро-атланските интеграции и второ ќе се реафирмира Хашката пресуда како основа врз која треба да се решава спорот и тогаш топката ќе се врати на грчката страна и ќе се чека нивната реакција.

Познавачите на прашањето околу спорот за името, велат дека Македонија секако не треба да го одбие овој меморандум и тоа е очекувано како дел од една нормална традиционална дипломатска пракса, но треба да ја следи логиката на дипломатската комуникација и во својот одговор да даде свој нацрт.

„Во тој нацрт прво ќе биде валоризиран членот 11 од привремената спогодба, со кој Грција се обврза да не нė попречува во евро-атланските интеграции и второ ќе се реафирмира Хашката пресуда како основа врз која треба да се решава спорот и тогаш топката ќе се врати на грчката страна и ќе се чека нивната реакција“, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос.

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос.


Тој укажува и на тоа дека треба да се внимава и на терминологијата во меморандумот која е изменета во однос на документите на ОН.
Она што тие бараат за употреба на ерга омнес име со географска одредница, едноставно мислам дека ниту држи, нуту е концептот таков на генералната политика која Република МАкеоднија ја води во таа насока. Не верувам дека во одговорот ќе има отстапување на она што би се рекло, нашите црвени линии.

„Разлика околу името, тие разлики тие ги прошируваат, мислат дека во тие разлики треба да влезе и идентитетот на народот, македонскиот јазик, македонската историја, култура... И уште еден факт кој е исто така важен, тие во нацртот девет или осум пати и во писмото на министерот, спомнуваат за преговори, преговори ниту имало, ниту може да има меѓу двете страни.“

Поради се позачестените критики на тема изнаоѓање решение на спорот, двете страни, а особено Грција се принудени на некои вакви чекори но очигледно е дека во овој документ не е водено сметка за националните интереси на Македонија, па оттука и на испорачаните црвени линии од грчка страна, а особено на барањето за име со географска одредница за употреба ерга омнес не може да се очекува никаков поинаков одговор, освен повторување на нашите црвени линии, вели професор Звонимир Јанкуловски.

„Она што тие бараат за употреба на ерга омнес име со географска одредница, едноставно мислам дека ниту држи, нуту е концептот таков на генералната политика која Република Макеоднија ја води во таа насока. Не верувам дека во одговорот ќе има отстапување на она што би се рекло, нашите црвени линии.“

Оттука ни од ваквата иницијатива не може да се очекува ништо значајно за напредок во надминувањето на проблемот, констатираат експертите. Со оглед на тоа дека двете страни се многу далеку во своите ставови, изнаоѓање на заеднички текст ќе биде многу тешко или невозможно.
XS
SM
MD
LG