Достапни линкови

logo-print

Бавен прогрес на мисијата ЕУЛЕКС


Европскиот Суд на Ревизори во извештајот за мисијата на ЕУ на Косово позната како ЕУЛЕКС наведува дека прогесот генерално е бавен во подобрувањето на владеењето на законот, посебно на северот.
Посебно проблем е борбата против организираниот криминал и корупција.
За бавниот прогрес, вината покрај во специфичните услови на Косово, ревизорите ја гледаат и во кадровските ограничувања и лошото управување од страна на Европската Комисија.
Ревизорите препорачаа конкретни мерки за имплементација, меѓу кои и зголемување на бројноста на персоналот. ЕУЛЕКС работи од 2008 година и досега потроши 680 милиони евра пари од ЕУ.
XS
SM
MD
LG