Достапни линкови

Хилари Клинтон на Балканот


Хилари Клинтон пречекана на сараевскиот аеродром.
Хилари Клинтон пречекана на сараевскиот аеродром.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон со денешните разговори во Сараево и во Белград ја почна балканската турнеја во текот на која ќе ги посети и Косово, Хрватска и Албанија. Според некои наводи, станува збор за проштална посета на Клинтон на регионот со оглед на нејзините најави дека и доколку Барак Обама биде реизбран за американски претседател таа нема да остане на функцијата.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон, според официјален Вашингтон, имаат единствена цел, забрзување на процесот за вклучување на регионот во евроатлантските интеграции.

Токму затоа, главната порака на Клинтон ќе биде продолжување на реформите и на неопходниот дијалог, како најважни чекори на патот до Европската унија и НАТО.

Сепак, Клинтон и Ештон во Босна и Херцеговина доаѓаат во време кога таа држава се соочува со најголемата политичка криза од Дејтонскиот договор.

„Босанско-херцеговските политичари стануваат отпорни на високи посети и на вербални пораки од меѓународната заедница, дури и кога доаѓаат од многу високи позиции. Времињата на директно мешање и наметнување пораки одамна изминаа. Според тоа, на Босна и Херцеговина и на Балканот им е потребна една поинаква, поконкретна поддршка од меѓународната заедница“, Вели аналитичарот во Меѓународната кризна група Среќко Латал.
Меѓународната заедница и тоа оној нејзин западен дел, повторно го нагласува своето присуство на овој простор. Втор дел од пораката е дека политичките процеси се од регионален карактер и оти во прв план е регионалната безбедност.

Со него се согласува професорот по политички науки од Бања Лука Милош Шолаја, кој смета дека треба да се има предвид регионалниот карактер на посетата на Клинтон.

„Меѓународната заедница и тоа оној нејзин западен дел, повторно го нагласува своето присуство на овој простор. Втор дел од пораката е дека политичките процеси се од регионален карактер и оти во прв план е регионалната безбедност“, смета Шолаја.

Ерик Горди, експерт за југоисточна Европа од Лондон пак, оценува дека Клинтон е под голем притисок на нејзината партија која за една недела ја очекуваат избори, да направи исчекор особено во регионите во кои не е постигнат поголем напредок.

Тој во врска со какви механизми Клинтон располага со цел, например да изврши притисок врз српското раководство кога станува збор за Косово вели:

„Средствата на притисок што таа ги има на располагање се поврзани со патот на Србија кон членство во Европската унија, со оглед на тоа што тој процес во моментов е во застој. Меѓутоа, имајќи предвид дека претседателот Николиќ и премиерот Дачиќ го намалија нивото на нивниот евроентузијазам не е сигурно дека таа тактика ќе биде и успешна.“

Дачиќ деновиве изјави дека Клинтон не доаѓа во Србија за да поставува ултиматуми, туку да го охрабри европскиот курс на на Србија. Клинтон по посетата на Белград заминува за Приштина, а потоа за Хрватска и за Албанија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG