Достапни линкови

Бугарија ја подржува Македонија, но не по секоја цена


Бугарија ја подржува евроинтеграцијата на Македонија, но не по секоја цена, изјавил вчера во Благоевград шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов.
На средбата со претставниците на локалната самоуправа во Благовеград, тој
изјави дека подршката на Софија е конструктивна и се базира врз генералната позиција дека сите нејзини соседи од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ. Истовремено Бугарија стриктно се придржува кон принципите и критериумите за членство меѓу кои и развивањето и поддржувањето на добрососедските односи.

„Бугарија нема територијални претензии кон никој од соседите, но сметаме и дека нашите соседи не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија бидејќи во бугарската држава и општество секој е слободен да се декларира како што сака“,

изјавил бугарскиот министер за надворешни работи.
Младенов, како што јави БТА, нагласил и дека е важно Бугарија и Македонија заедно да ги чествуваат празниците и историјата за да можат заедно да ја градат и иднината.
XS
SM
MD
LG