Достапни линкови

Русија е против политизација на човековите права


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, при посетата на Минск, изјави дека Русија се противи на политизацијата на човековите права.
Лавров, исто така, рече дека е против двојните стандарди за ова прашање. Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи изјави дека оние кои ја критикуваат неговата земја за човековите права всушност спроведуваат сопствена политичка агенда.
Како што е познато, САД и ЕУ воспоставија санкции против Белорусија поради грубото кршење на правата на опозицијата и невладиниот сектор од страна на режимот на Александар Лукашенко. Белоруската влада смета дека овие санкции го нарушуваат меѓународното право.
XS
SM
MD
LG