Достапни линкови

logo-print

Клинтон и Ештон во посета на БиХ


Архивска фотографија: Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон на средба со американската државна секретарка Хилари Клинтон во Вашингтон.

Архивска фотографија: Шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон на средба со американската државна секретарка Хилари Клинтон во Вашингтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон, денеска треба да ја посетат Босна и Херцеговина. Клинтон и Ештон треба да се сретнат со членовите на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина и да побараат придвижување на реформите кои би ја довеле БиХ поблиску до членството во ЕУ и НАТО.

Аналитичарите велат дека интеграција на Босна и Херцеговина во западните институции и натаму е попречена со длабоките поделби меѓу заедниците во земјата и по 17 години од крајот на војната во деведесеттите години.

Освен Сараево, за време на балканската турнеја, Клинтон и Ештон ќе ги посетат и Србија и Косово. За време на заедничката посета тие треба да поттикнат понатамошни чекори за помирување и реформи за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG