Достапни линкови

logo-print

Јанукович веројатно со мнозинство во украинскиот парламент


Прелиминарни резултати од изборите во Украина.

Прелиминарни резултати од изборите во Украина.

Партијата на регионите на украинскиот претседател Виктор Јанукович и неговите коалициони партнери веројатно обезбедија парламентарно мнозинство на изборите за кои странските набљудувачи имаа низа забелешки. Речиси целосните резултати покажуваат дека Партијата на регионите освоила повеќе од 32 отсто од гласовите. Со очекуваната поддршка од Комунистите, партијата на Јанукович веројатно ќе контролира повеќе од половина од 450-те пратеници во Врховната Рада. Обединетата опозиција на затворената екс-премиерка Јулија Тимошенко освои околу 24 отсто од гласовите. САД и меѓународните набљудувачи од ОБСЕ наведуваат недостатоци во кампањата и гласањето и ги оценија изборите како чекор назад за украинската демократија.
XS
SM
MD
LG