Достапни линкови

logo-print

Обама ги предупреди граѓаните за последиците од ураганот


Ураганот Сенди може да има катастрофални последици, а подолго време ќе има проблеми со снабдувањето со електрична енергија и нормализирање на сообраќајот, ги предупреди граѓаните денеска американскиот претседател Барак Обама. Тој по состанокот на кризниот штаб во Белата куќа ги повика граѓаните кои што живеат во првата зона која се очекува да биде на удар на бурата, да ги послушаат предуредувањата и да се евакуираат. Обама истакна дека во засолништата за евакуираните има обезбедно доволно храна и вода. Тој додаде дека силниот удар од бурата ќе се почуствува вечерва но поради природата на ураганот убеден е дека тоа ќе биде бавен процес кој што може да им наштети на милиони луѓе во земјава.
XS
SM
MD
LG