Достапни линкови

Притворена Русинка во Чешка


Илустрација

Илустрација

Руското министерство за внатрешни работи соопшти дека чешките власти притворија Русинка под сомнение за поврзаност со проневерата од 5 милијари долари во казахстанската банка БТА. Станува збор за жена која што била надлежна во банката за менџирање на трансакциите. Се очекува руски инспектори да допатуваат во Чешка за испрашување на осомничената.
Поранешниот диркетор на банката Муктар Аблјазов е еден од опонентите на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев. Тој побегна во Лондон во 2009-тата година откако казахстанските власти ја зазедоа контролата во неговата банка. Лондонскиот суд по спроведената истрага за проневерата во банката го осуди Аблјазов на 22 месеци казна затвор,но тој побегна пред да биде приведен.
XS
SM
MD
LG