Достапни линкови

logo-print

Собранието за ЕУ, ДУИ за бранителите


ДУИ најави дека ќе го блокира законот за бранители со 15.520 амандмани кои ги подготвува.

Собраниската расправа за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2012 година почна како дискусија за законот за правата на бранителите.
Во меѓувреме, додека ние претендираме дека сме успешни во водење на овој дијалог со европските партнери, не успеваме да воспоставиме функционален дијалог меѓу себе за елементарни прашања за коишто можеби многу пати се повторуваме и говореа и другите колеги-Албанци, а тоа се односите меѓу Албанците и Македонците.

Пратеничката Ермира Мехмети Деваја од собраниската говорница рече дека законот се заканува да ги повреди основните начела на кои се гради земјата и го продлабочува раздорот меѓу двете етнички заедници.
Споменикот „Ангел“ во Битола во чест на загинатите бранители кај Вејце во 2001 година.

Споменикот „Ангел“ во Битола во чест на загинатите бранители кај Вејце во 2001 година.


„Во меѓувреме, додека ние претендираме дека сме успешни во водење на овој дијалог со европските партнери, не успеваме да воспоставиме функционален дијалог меѓу себе за елементарни прашања за коишто можеби многу пати се повторуваме и говореа и другите колеги-Албанци, а тоа се односите меѓу Албанците и Македонците.“

Нејзиниот колега од Национална демократска преродба Изет Зеќири и забележа на Мехмети Деваја за тоа што повеќе време зборува за законот за бранителите, отколку за извештајот на ЕУ и за тоа што не посветила доволно време на забелешките нотирани во извештајот.
Ние се доведуваме во ситуација да не можеме материјално да расправаме за закон што може да отвори еден многу непријатен преседан и различни интересни групи во Собранието коишто немаат соодветно мнозинство да го блокираат и на наша и на ваша штета како владејачко мнозинство во овој момент. Намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да се донесе овој закон и ќе направиме сè овој закон да дојде на гласање на оваа седница, макар тоа траело и со месеци.

Од СДСМ велат дека не им е јасно која е позицијата на ДУИ во однос на извештајот и каква е нивната улога во однос на клаузулата за добивање на датум за преговори која е поврзана со решавање на спорот за името.

„Но оваа врзивна клаузула којашто е дел од тајните преговори што ги води Никола Груевски за промена на името треба на јавноста да и биде кажано. Ние тоа го знаеме, го кажуваме јавно, ве молам како партија изјаснете се“, вели пратеникот Гордан Георгиев од ДУИ.

Ермира Мехмети Деваја повтори дека нема компромиси за овој закон и дека зад ова не стои политички договор со ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека токму политичките критериуми се највисоко оценети во извештајот и ако би требало да се одбере оценка од 1 до 5, тогаш оценката за Македонија е 4. Што се однесува, пак, до законот за бранителите и за тоа дека со него се нарушува политичкиот дијалог во земјата, Николовски вели дека дијалогот се нарушува со тоа што се блокира законот да влезе во процедура.

„Ние се доведуваме во ситуација да не можеме материјално да расправаме за закон што може да отвори еден многу непријатен преседан и различни интересни групи во Собранието коишто немаат соодветно мнозинство да го блокираат и на наша и на ваша штета како владејачко мнозинство во овој момент. Намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да се донесе овој закон и ќе направиме сè овој закон да дојде на гласање на оваа седница, макар тоа траело и со месеци.“

Законот за бранители повторно влезе во собраниска процедура и е на дневен ред на 45 седница, но овој пат ќе се разгледува по скратена постапка. Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери најави дека партијата ќе го блокира законот за бранители со 15.520 амандмани кои ги подготвува.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG