Достапни линкови

Одбраната на Бошковски: Обвинението е празно и без докази


Одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски денеска го доби новото обвинение против Бошковски за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев и го оцени како празно. Во него стои дека Бошковски сакал да го прикрие кривичното дело. Адвокатите на Бошковски реагираа и најавија приговор на обвинителниот акт затоа што сметаат дека во обвинението нема ниту еден материјален доказ за повразноста на Бошкосвки со убиството, туку само искази на поранешни полициски службеници кои исто така се обвинети во случајот. За двојното убиство обвинети се вкупно 15 лица и доколку Бошкоски биде осуден може да добие казна од 10 години до доживотен затвор. Тој веќе одлежува една затворска казна за случајот Кампања каде беше обвинет за незаконско финансирање на предизборната кампања.
XS
SM
MD
LG