Достапни линкови

Тимошенко ќе штрајкува со глад поради „фалсификуваните“ избори


Затворената украинска опозициска лидерка Јулија Тимошенко денеска најави дека започнува штрајк со глад поради, како што вели, фалсификуваните парламентарни избори во земјата. Адвокатот на Тимошенко кој ја прочита нејзината пишана изјава, истакна дека таа од денеска ќе пие само вода и нема да јаде. Според досега избројаните две третини од гласачки ливчиња, победник е владеачката партија на претседателот Виктор Јанукович. Тимошенко одлежува седумгодишна казна затвор поради обвинение за злоупотреба на службена должност
XS
SM
MD
LG