Достапни линкови

Ураганот Сенди со 140 километри на час се приближува до Њу Џерси


Њујорк

Њујорк

Ураганот Сенди се приближува до источниот брег на САД со ветрови чија брзина достигнува до140 километри на час предизвикувајќи поплави а со тоа и евакуација на стотици илјади луѓе. Се очекува бурата својот прв удар да го зададе вечерва најдоцна утре изутрина во Њу Џерси. Според метеоролозите се очекува „супербурата“ да се соедини со поларен воздух при што може да донесе снежни наноси од еден метар. Вонредна состоја е прогласена во поголем дел од градовите од источниот брег. Во Вашингтон и Њујорк е стопиран јавниот превоз а илјадници летови и се откажани. Ударот на бурата е закана дури за 60 милиони луѓе, а штетата би можела да биде поголема од три милијарди долари.Американскиот претседател Барак Обама вети дека владата ќе одговори брзо и ќе им помогне на граѓаните по бурата.
XS
SM
MD
LG