Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Анкара


Во Анкара денеска дојде до судири меѓу демонстранти и полицијата, откако неколку илјадници луѓе марширајќи го одбележаа Денот на републиката.
Исламистичката влада го забрани одржувањето на настанот поради безбедносни причини.
Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, кои дел од нив пробале преку оградите да стигнат до зградата во која се наоѓа првиот турски парламент, а потоа да продолжат до мавзолејот на основачот на турската република - Мустафа Кемал Ататурк. Како одговор на полицијата, демонстрантите возвратиле со камења и шишиња.
Одбележувањето на Денот на републиката во последните неколку години се претвора во симбол на поделеноста меѓу владата со исламистички корени и неговите опоненти, кои стравуваат дека световните традиции на земјата се доведени во опасност.
XS
SM
MD
LG