Достапни линкови

ОБСЕ: Изборите во Украина ја „уназадија“ демократијата


Меѓународните набљудувачи на изборите во Украина излегоа денеска со негативна оценка за парламентраните избори. Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина Валбурга Хабсбур Даглас изјави дека изборите го „уназадија “ украинскиот демократски прогрес. Таа ги обвини владечките политичари за злоупотреба на административните ресурси со кои влијаеле врз резултатот од изборите. Таа додаде дека предизборните кампањи биле одбележани со пристрасно медиумско покривање и недостаток на финансиска транспарентност. Со над 60 проценти излезност на изборите, партијата на претседателот Виктор Јанукович води со освоени 34 проценти од гласовите. Партијата на затворената Јулија Тимошенко освои 22 проценти , додека пак Комунустичката партија доби 15 проценти од гласовите.
XS
SM
MD
LG