Достапни линкови

Сведок во истрагата за смртта на полскиот претседател пронајден обесен


Полскиот обвинител соопшти дека клучниот сведок во истрагата за авионската несреќа во која загина претседателот Лех Качински е пронаден мртов.
Во соопштението од обвинителството е наведено дека сведокот бил пронајден обесен во неговиот дом во Варшава. Тој бил вработен како инженер во полска авиокомпанија чии авион слета во Смоленск, Русија, точно еден час пред да се урне авионот во кој патуваше претседателот.
Сведокот претходно за време на истрагата сведочел дека рускиот воздухопловен контролор му дозволил на пилотот на претседателскиот авион да се спушти на „точка за слетување“ од 50 метри и покрај густата магла. Ова сведочење е во спротивно од руската верзија на настаните според која контролорот нe дозволил спуштање на „точката за слетување “ испод 100 метри.
XS
SM
MD
LG