Достапни линкови

Саудиска Арабија ќе гради масивен исламски центар во Кабул


Авганистанските власти соопштија дека Саудиска Арабија ќе изгради масивен верски комплекс во центарот на Кабул кој ќе чини од 45 до 100 милиони долари. Договорот бил склучен минатата недела а изградбата на муслиманскиот комплекс ќе стартува следната година. Според планот како дел од комплексот ќе бидат болница, универзитет, спорска сала и џамија која ќе собере 15 илјади верници. Центарот ќе биде именуван според кралот на Саудиска Арабија Абудлах бин Абдулазиз и ќе биде раководен од саудискиот и авганистанскиот министер за религиски прашања. Саудиска Арабија беше една од единствените три земји во светот кои што го признаа талибанскиот режим кој што владееше во Авганистан од 1996 до 2001година.
XS
SM
MD
LG