Достапни линкови

Барање за преместување на центрите за зависности во Куманово


Граѓаните на Куманово бараат дислокација на Центрите за лечење зависности од дрога подалеку од училиштата.

Граѓаните на Куманово бараат дислокација на Центрите за лечење зависности од дрога подалеку од училиштата.

Родителите се плашат за безбедноста на нивните деца, зашто Центрите за зависности се лоцирани во непосредна близина на две основни училишта и две градинки.

Иако е непозната точната бројка на нарко зависници во Куманово, дел од нив метадонска терапија примаат во два центри за лекување од зависности. Случајно или не, тие се лоцирани во непосредна близина на две основни училишта „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“ и две градинки, поради што родителите се плашат за безбедноста на нивните деца.
Незгодно е и местото не е тука да биде Центарот за зависности. Пред еден месец побаравме од Министерството за здравство. Не сакаме нашите деца да присуствуваат додека нарко зависниците примаат терапија. Немаме ништо против нив, но мора да се најде соодветно место за оваа терапија. Ученик во основното училиште се повредил од игла од шприц.

Центрите се во надлежност на Министерството за здравство, кое, според родителите, не водело грижа за локацијата, а родителите од населбата Гоце Делчев за месец дена двапати масовно го изразија својот револт, со оптимизам дека ќе ги заштитат децата. Локалната самоуправа по се изгледа не е моќна во надминување на овој проблем.

„Незгодно е и местото не е тука да биде Центарот за зависности. Пред еден месец побаравме од Министерството за здравство. Не сакаме нашите деца да присуствуваат додека нарко зависниците примаат терапија. Немаме ништо против нив, но мора да се најде соодветно место за оваа терапија. Ученик во основното училиште се повредил од игла од шприц“, вели родител.

Оптимизмот на родителите за надминување на овој проблем постои.
Установите и институциите мора да најдат решение за ова. Имавме иницијатива од Советот, почнаа разговори со директорот на болницата кој се заложи да обезбеди одобрение од Министерството за здравство кое е единствено надлежно. Како член на Совет ќе продолжам да барам решение, но локалната самоуправа не може да понуди просторни решенија затоа што го нема.

„Не наидовме на никаква поддршка од институциите, од некоја институција која пред сè е одговорна за ова. Тоа сепак се деца, ние разговараме со нив, но тоа се дечиња кои се љубопитни и шприцот што ќе го видат доаѓаат во ситуација да се боцнат со него. Досега имаше три случаи. Апелирам до сите надлежни институции и невладини организации да помогнат. Ваков центар треба, но не на вакво место.“

Виктор Цветковски, советник во општинскиот Совет, вели дека имало иницијатива за дислоцирање на Центарот. Засега нема решение.

„Секојдневно дечињата кои одат во двете установи се соочуваат со немила слика и ги гледаат зависниците кои од излегување од метадонска терапија продолжуваат со директно вбризгување со шприц во вена. Ова е проблем што подолго трае.“

Цветковски сепак вели дека ваков центар му е потребен на Куманово каде што бројот на зависниците е голем.

„Установите и институциите мора да најдат решение за ова. Имавме иницијатива од Советот, почнаа разговори со директорот на болницата кој се заложи да обезбеди одобрение од Министерството за здравство кое е единствено надлежно. Како член на Совет ќе продолжам да барам решение, но локалната самоуправа не може да понуди просторни решенија затоа што го нема.“

Родителите, пак, чии деца одат во Основното училиште „11 Октомври“ пред неколку години исто така реагираа за близина на Центарот за зависности. Центарот функционира, а за среќа до сега немало инциденти.

Надлежните од кумановската болница сметаат дека нивната задача е да ги штитат пациентите меѓу кои се и нарко зависниците, засега без најава дека ќе се преземат конкретни мерки.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG