Достапни линкови

ДУИ со 15 илјади амандмани за законот за бранители


Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери најави дека партијата ќе го блокира законот за бранители со 15 520 амандмани кои ги подготвува. Тој закон денеска повторно влезе во собраниска процедура, но овој пат во скратена постапка. Пратениците на денешната седница го изгласаа дневниот ред на кој беше ставен и тој закон. Претходно, во Собранието се разгледуваше законот во редовна постапка но тој заглави во собраниската комисија за труд и социјална политика каде што беше блокиран со долги дискусии на пратеници при што дел од нив земаа збор со молчење. Пратениците од албанскиот блок и натаму сметаат дека овој закон е дискриминирачки и дека не треба да се донесе во формата во која е предложен, па затоа најавија дека ќе го блокираат неговото донесување со сите институционални можности кои им се на располагање.
XS
SM
MD
LG