Достапни линкови

Блокирано формирањето владина коалиција во Литванија


Претседателката на Литванија Далиа Грибаускајт денеска ги стопира плановите за формирање на владина коалиција. Таа изјави дека работничката партија не може да биде дел од владина коалиција затоа што е под истрага за мито и купување на гласови од затвореници. Работничката партија во неделата заврши на трето место според гласовите што ги освои на парламентарните избори.
Со претседателскиот потег стана неизвесно дали социјалистичката демократска партија која победи на изборите ќе може да формира коалиција, по 4 годишното владеење на конзервативната партија.
Главното ветување на Социјалистите во предизборната кампања беше дека ќе стави крај на реформите за штедење и зголемување на социјалните трошоци. Денеска тие соопштија дека ќе формираат коалиција со уште две лево-ориентирани партии, Работничката партија и Движењето за правда.
XS
SM
MD
LG