Достапни линкови

logo-print

Дачиќ: Клинтон не доаѓа со ултиматум за Србија


Српскиот претседател Ивица Дачиќ изјави денеска дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон не доаѓа во Белград за да постави ултиматум туку да го охрабри европкиот курс на владата. Тој додаде дека не треба да се помине толкав пат за да се постави ултиматум, тоа денеска се прави на друг начин.
Ваквиот коментар следуваше откако опозициските партии во земјата изјавија дека сметаат оти главната причина за нејзиното доаѓање во Белград е да се изврши притисок врз владата за да го признае Косово.
Дачиќ изјави дека со Клинтон и еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон ќе разговараат за европската интеграција на Србија, за регионалната соработка во борбата против организираниот криминал и тероризам и за дијалогот меѓу Приштина и Белград.
XS
SM
MD
LG