Достапни линкови

Македонија учесник во мировните мисии на ЕУ


Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Советот на Европската унија во Брисел потпиша спогодба со Европската служба за надворешна акција, јавува новинската агенција МИА. Министерот Попоски и генералниот секретар на европската служба Пјер Вимонт, потпишаа договор со кој Македонија стана активен и рамноправен учесник во операциите на Унијата за справување со кризи ширум светот, иако не е членка на Унијата. Вимонт изјави дека е задоволен од учеството на македонската војска во мисијата „Алтеа “ во БиХ и додаде дека двете страни ги очекуваат многу заеднички предизвици во однос на безбедноста и одбраната. Поповски истакна дека спогодбата е долгоочекувана за Македонија, иако земјата е активен контрибутор во мисиите на ЕУ во Босна, Либан, Ирак, Авганистан.
XS
SM
MD
LG