Достапни линкови

Брахими: Кризата во Сирија е „лоша и станува полоша“


Специјалниот претставник на ОН и Арапската лига Лакдар Брахими изјави денеска дека кризата во Сирија е „лоша и станува полоша“. Тој средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва изјави дека нема да биде обесхрабрен во обидите да ја реши кризата со неуспехот од привременото примирје. Примирјето требаше да стартува во петокот и да трае 4 дена за време на муслиманскиот празник. Но тоа не го спречи сириските владини сили и бунтовниците да продолжат со битките и со обвинувањата едни со други за тоа кој го прекршил примирјето. Во меѓувреме сириската државна телевизија јавува дека при последните битки во Дамаск загинале најмалку 10 луѓе.
XS
SM
MD
LG