Достапни линкови

Власта не сака избори за исполнување на желбите на Црвенковски


Митинг на здружената опозиција.
Митинг на здружената опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ нема никаква обврска, ниту, пак, намера да ги исполнува личните желби на Црвенковски, рече Зоран Ставрески како одговор на барањето предвремени избори од страна на опозицијата.

СДСМ побара власта што побргу да одговори на барањето за предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални во март догодина.
Власта имаше можност да слушне како десетици илјади граѓани бараат промени, си ја бараат иднината сега и како гласно и недвосмислено бараат предвремени парламентарни избори во март. Граѓаните очекуваат одговор на ова прашање и власта треба да се охрабри, што побрзо да им го даде.
Андреј Петров, СДСМ.

„Власта имаше можност да слушне како десетици илјади граѓани бараат промени, си ја бараат иднината сега и како гласно и недвосмислено бараат предвремени парламентарни избори во март. Граѓаните очекуваат одговор на ова прашање и власта треба да се охрабри, што побрзо да им го даде“, изјави генералниот скеретар на СДСМ Андреј Петров.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија на прес конференцијата на СДСМ, велејќи дека барањето на Црвенковски за парламентарни избори ги потсетува на еден ист таков митинг пред година и половина кога исто така Црвенковски побара избори.
Премиерот Никола Груевски го посети штандот за собирање идеи за партиската програма на претстојните локални избори.
Премиерот Никола Груевски го посети штандот за собирање идеи за партиската програма на претстојните локални избори.

„Му ги дадовме тие избори, а тој повторно ги изгуби. Да потсетиме дека тогаш самиот Црвенковски вети дека ако ги изгуби изборите ќе си поднесе оставка и ќе ја напушти политиката. Не си поднесе оставка и излажа“, изјави Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ставрески вели дека барањето за предвремени парламентарни избори е барање поради тоа што Црвенковски нема што повеќе да изгуби.

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаква обврска, ниту пак намера да ги исполнува личните желби на Црвенковски. Ние ги признаваме и прифаќаме единствено обврските спрема граѓаните.“

Опозициски пресврт или ништо ново

Беше подоста уверлив дека таа поинаква Македонија ќе биде многу подобра и посебен дел беше обраќањето кон сите тие обесправени структури - од земјоделци, па сè до универзитетски професори на кои посебно им се обраќаше.
Рамадан Рамадани, политички аналитичар.
За дел од политиколозите вчерашниот митинг на опозицијата бил поразличен од претходните, од оние кои ги слушавме и гледавме за време на работното лето на опозицијата. Аналитичарот Рамадан Рамадани од институтот НИСМА вели дека говорот на Црвенковски бил попрецизен и се однесувал на конкретни целни групи.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Генерално, немаше ништо ново на митингот. Тезите се тие, повторно нели онаа фамозна гасификација којашто еве и Јани Макрадули, кандидат за градоначалник на Скопје, ја спомна. Тоа им е изгледа основниот проект на генерално ниво со којшто одат сите кандидати за градоначалници.
Владимир Божиновски., политички аналитичар.
„Беше подоста уверлив дека таа поинаква Македонија ќе биде многу подобра и посебен дел беше обраќањето кон сите тие обесправени структури - од земјоделци, па сè до универзитетски професори на кои посебно им се обраќаше“, вели Рамадани.

За разлика од впечатоците на Рамадани, анализирајќи го синоќешниот митинг на Сојузот за иднината, политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека не слушнал ништо ново. Како и многупати досега ги слушнавме истите фрази и празни ветувања кои секогаш почнуваат и завршуваат со префиксот „ќе“, вели тој.

„Генерално, немаше ништо ново на митингот. Тезите се тие, повторно нели онаа фамозна гасификација којашто еве и Јани Макрадули, кандидат за градоначалник на Скопје, ја спомна. Тоа им е изгледа основниот проект на генерално ниво со којшто одат сите кандидати за градоначалници“, изјави Божиновски.

Аналитичарите се убедени дека барањето на Црвенковски да се одржат предвремени избори заедно со локалните во март, а во исто време да се одржи и референдум за промена на името, власта нема да го прифати.

„Оваа логика на Црвенковски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја премолчи. Според сè, евидентно е дека тие предвремени избори би и штетеле на Македонија“, изјави Алајдин Демири.

„Самата држава нема да биде сериозна доколку на секое барање на опозицијата за избори се случуваат избори“, изјави Владимир Божиноски.

Покрај тоа што побара предвремени избори во март, Црвенковски вети дека ако Сојузот за иднината дојде на власт, нема да се трошат народни пари за непродуктивни трошоци. Вети дека нема да се градат споменици, фонтани и плажи на Вардар, туку ќе се вложува во капитални инвестиции. Вети дека јавниот сервис ќе биде управуван од власта, опозицијата и граѓанскиот сектор, вети повеќе субвенции, но само за вистинските земјоделци. Тој уверуваше дека ако Сојузот на иднината дојде на власт, министер за образование ќе биде еминентен универзитетски професор, а за здравство - професор и лекар од Медицинскиот факултет.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG