Достапни линкови

Во Анкара, и покрај забраната, беше одбележан Денот на републиката


Илјадници про-секуларни турци маршираа денеска во Анкара, одбележувајки го Денот на републиката, и покрај забраната од исламистичката влада. Носејки турски знамиња, демонстрантите извикуваа слогани за целосна независност на Турција и оти се војници на Мустафа Кемал Ататурк. Демонстрациите беа организирани од десетици граѓански здруженија, подржани од некои опозициони партии. Полицијата употреби солзавец за да ги растера кога се обидоа да ги пробијат полициските барикади.
XS
SM
MD
LG