Достапни линкови

logo-print

Клинтон вечер ја започнува балканската турнеја


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон допатува денеска во посета на Алжир, каде што со државниот врв ќе разговара за кризата во соседен Мали. Исламистички милитанти, поврзани со Ал Каеда, ја превзедоа контролата врз делови од северот на Мали. Од Алжир, Клинтон вечер ќе допатува во посета на Босна и Херцеговина, а потоа ќе престојува и во Србија и на Косово, како и во Албанија и во Хрватска. Во Сараево, на Клинтон ќе и се приклучи и шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон, при што заеднички ќе побараат позабрзана евро-интеграција на Босна. Во Белград и Приштина, тие ќе апелираат до лидерите на двете земји да го интензивираат дијалогот.
XS
SM
MD
LG