Достапни линкови

logo-print

Сиријски воени авиони бомбардирале во Дамаск


Сиријски активисти соопштија дека воени авиони денеска бомбардирале делови од Дамаск, но нема информации за жртви. Во петокот беше декларирано примирје во Сирија, кое требаше да трае до денеска, но не се почитуваше. Сиријските владини сили и анти-валдините бунтовници меѓусебно се обвинуваа за инцидентите. Инаку, денеска специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Сирија, Лахдар Брахими, во Москва ќе разговара со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за начините на дипломатско решение на сиријската криза.
XS
SM
MD
LG