Достапни линкови

Грчкиот новинар денеска пред суд поради листата Лагард


Грчкиот новинар Костас Ваксеванис, кој беше уапсен вчера поради објавувањето на имињата на над 2000 грци кои имаат сметки со големи суми во швајцарски банки, денеска ќе биде изведен пред суд за нарушување на приватноста. Станува збор за така-нарешената Лагард листа. Имено, Кристин Лагард, пред да стане шефица на Меѓународниот Монетарен Фонд, како француска министерка за финансии, на својот грчки колега му предала Це Де со имиња на грчки граѓани кои имале големи суми пари во швајцарска банка во Женева. Во знак на подршка на новинарот Ваксеванис, денеска списокот го објави и високо-тиражниот грчкиот весник Та Неа. На списокот се политичари, бизнисмени, но и студенти, домаќинки, глумци, адвокати, архитеките и други.
XS
SM
MD
LG