Достапни линкови

Партијата на Јанукович води на изборите во Украина


Украинската владејачка партија на претседателот Виктор Јанукович прогласи победа на изборите, откако првичните резултати покажаа дека освоиле најголем број на гласови на парламентарните избори.

Според резултатите на Фондацијата Демократска иницијатива, владејачката Партија на регионите освоила 28,1 отсто од гласовите, додека Алијансата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко е на второто место со 24,7 отсто од гласовите. Партијата на боксерската ѕвезда Витали Кличко заврши на трето место со освоени над 15 проценти. Ултранационалистичката партија „Свобода“е четврта со 12,3 проценти, а Комунистичката партија заврши петта со речиси 12 отсто. Ниту една друга партија не успеа да освои потребен минимум од пет проценти.

Alpha
Резултатите од преброените гласови од околу 20 отсто од избирачките места, покажуваат дека Партијата на регионите освоила околу 37 проценти од гласовите, по што следи Алијансата Татковина со околу 20 проценти. Комунистичката партија освоила 15,5 проценти, а партијата на Кличко 12 отсто од гласовите.

За Западот изборите во Украина се тест за кревката демократија во земјата.
Централната изборна комисија соопшти дека ќе ги објави прелиминарните резултати денеска во девет часот.
XS
SM
MD
LG