Достапни линкови

САД се подготвува за ураганот Сенди


Луѓе се обидуваат да купат храна пред ураганот Сенди да го погоди Њујорк.

Луѓе се обидуваат да купат храна пред ураганот Сенди да го погоди Њујорк.

Стотици илјади луѓе се евакуирани од источното крајбрежје на САД во пресрет на ураганот Сенди. Американскиот претседател Барак Обама им порача на Американците многу сериозно да го сфатат невремето и да ги следат упатствата на државните и локалните власти.

Претходно, градоначалникот на Њујорк Мајк Блумберг издаде наредба за задолжителна евакуација на околу 375 илјади луѓе од Њујорк.

Јавниот превоз во градот е прекинат, а откажан е и железничкиот и авионскиот превоз на источното крајбрежје. Се очекува ураганот Сенди денеска да го погоди Њујорк и источниот брег на САД.

Вонредна состојба е прогласена во Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Пенсилванија, Мериленд, Вирџинија и Вашингтон Д.Ц. Околу 60 милиони луѓе може да бидат погодени од бурата. Обама и неговиот републикански противкандидат Мит Ромни ги одложија предизборните активности поради новонастанатата ситуација.
XS
SM
MD
LG