Достапни линкови

Уапсен еден од водачите на ЕТА


Членови на военото крило на баскиската сепаратистичка група ЕТА.

Членови на военото крило на баскиската сепаратистичка група ЕТА.

Министерството за внатрешни работи на Шпанија соопшти дека француската полиција го уапсила шефот на военото крило на баскиската сепаратистичка група ЕТА. Полицијата го уапсила Изаскун Лесака еден од тројцата водечки фугури на групата. Освен Лесака, бил уапсен уште еден член на ЕТА. Двајцата уапсени биле вооружени. ЕТА минатата година соопшти дека ќе се откаже од четиридецениската вооружена борба за независност, во која загинаа повеќе од 800 луѓе, но никогаш не го предаде оружјето. Владата на Шпанија инсистира групата да се расформира и да го предаде оружјето.
XS
SM
MD
LG