Достапни линкови

Иран ќе започне воена вежба долж границата со Ирак


Иран денеска треба да започне воена вежба долж границата со Ирак. Ирански висок воен претставник изјави дека во тридневната вежба ќе бидат вклучени воздушните и копнените сили. Тој рече дека целта на вежбата е да се надополнат можностите на иранските сили, притоа не даде образложение што тоа значи.

Иран и Ирак во текот на осумдесеттите години водеа осумгодишната војна во која загинаа околу еден милион луѓе на двете страни.

Планираните воени вежби доаѓаат во време кога Иран се соочува со зголемени меѓународни критики поради неговата нуклеарна програма. Западот стравува дека иранската нуклеарна програма е насочена кон развивање на нуклеарно оружје, обвинение кое Техеран го негира.
XS
SM
MD
LG