Достапни линкови

„Многу врева за ништо“ во прилепскиот театар


Театарската претстава „Многу врева за ништо“ во изведба на Прилепскиот театар.
Театарската претстава „Многу врева за ништо“ во изведба на Прилепскиот театар.

Прилепскиот театар по пет децении игра претстава по текст на Шекспир - „Многу врева за ништо“ на белградската режисерка, Ива Милошевиќ.

По 5 децении на сцената од прилепскиот народен театар, повторно се игра претстава од Шекспир - „Многу врева за ништо“ во адаптација и режија на белградската режисерка, Ива Милошевиќ. Прилепскиот ансамбл успеа да подготви претстава која со режисерската визура на Милошевиќ е сместена во современ контекст, и која на еден духовит начин ја обработува вечната дилема за љубовта, да се сака безрезервно или да се храни егото, суетата, персоната.
Она што мене ме интересираше во оваа претстава која мислам дека е една слатко-кисела комедија, а можеби дури има и мрачни елементи во себе, тоа е поставувањето на прашањето: колку во денешниот свет веруваме во љубовта и дали е циничен односот кон љубовта, што стана доминантна филозофија на современиот човек.
Ива Милошевиќ, режисерка.

Актерската деветчлена екипа синхронизирано и ангажирано го доловува светот на современиот човек исплетен со љубовни заплети и расплети. Лајт мотивот во драмата бил предизвикот за српската режисерка да ја прифати поканата и во прилепскиот театар да го режира својот шекспировски првенец.
Режисерката Ива Милошевиќ.
Режисерката Ива Милошевиќ.

„Она што мене ме интересираше во оваа претстава која мислам дека е една слатко-кисела комедија, а можеби дури има и мрачни елементи во себе, тоа е поставувањето на прашањето: колку во денешниот свет веруваме во љубовта и дали е циничен односот кон љубовта, што стана доминантна филозофија на современиот човек“, изјави режисерката Милошевиќ.

Ансамблот со една изразена леснотија, шарм, топлина и енергија ја прават претставата, оставајќи силна импресија, дека не актерот поединец, туку колективната целина во чии рамки, актерот ја толкува својата ролја се носечки во овој уметнички проект. Нивниот ангажман „сега и овде“ никого не остава рамнодушен.

„Претставата ја работевме месец и половина со дупли проби, значи тоа некаде би дошло околу 2,5-3 месеци“, вели Андон Јованоски.

„Многу е добро кога не влегуваш внатре со никакво оптоварување, туку растоварен, знаеш дека посебно е Шекспир, текст од раната негова фаза, којшто е пред сè за почеток, за нас одличен“, вели Александар Степанулески.

„Мојот лик е на права женски лик, кој бара љубов, а покрај тоа тој да биде, ако може да се каже така, фин господин, културен интелектуалец и богат“, вели Наташа Наумоска.

Не трагично, туку многу оптимистички, весело со победа на љубовта, завршува оваа прекрасна современа адаптација на Вилијам Шекспир. „Многу врева за ништо“ ја пренесува експлицитно пораката до младата генерација дека љубовта мора, треба да се негува, зашто таа е жилава билка и никнува, таму и тогаш кога најмалку се очекува.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG