Достапни линкови

Нема пари за санација на свлечиштето на Пелистер


Свлечиштето на патот во Националниот парк Пелистер не се санира две години. Опозицијата обвинува дека Пелистер годинава ќе има уште една промашена зимска сезона.

И по две години не е санирано свлечиштето на патот во Националниот парк Пелистер кој води до сметсувачките капацитети - Детското одморалиште, хотелот Молика и планиснкииот дом Копанки и повеќе излетнички места. Пукнатината се протега на триесетина метри и зафаќа околу еден метар од широчината на коловозната лента. Привремно патот е проширен од другата страна, поставена е предупредувачка сигнализација. Ограничен е и протокот на возила со носивост до три тони.
Вака не се гради планински туризам. Доколку веднаш не се интервенира на овој патен правец на Пелистер годинава ќе има уште една промашена зимска сезона.

Локалната опозиција обвинува дека поради патот ќе пропадне и претстојната зимска турситичка сезона.
Свлечиштето на пат во Националниот парк Пелистер, Битола.

Свлечиштето на пат во Националниот парк Пелистер, Битола.


„Пред две години токкму овде се појави свлечиште на и онака лошиот пат за Пелистер. Движењето за автомобилите е ризично, а автобусите не можат и не смеат да се качуваат. Зошто градоначалникот Талески и ВМРО-ДПМНЕ ништо не презедоа за санирање на свлечиштето? Вака не се гради планински туризам. Доколку веднаш не се интервенира на овој патен правец на Пелистер годинава ќе има уште една промашена зимска сезона“, рече Марија Костадиновска од СДСМ.
Ингеренции врз тој дел од општината има Агенцијата за патишта која често ги реализира ваквите санации преку Македонија пат. Мислам дека ќе се изнајде начин и решение зашто не се работи за преголем износ.

Градоначалникот на Битола ВладимирТалески вели дека се работи за регионален пат, чие одржување и санација не е во нивна надежност.

„Ингеренции врз тој дел од општината има Агенцијата за патишта која често ги реализира ваквите санации преку Македонија пат. Мислам дека ќе се изнајде начин и решение зашто не се работи за преголем износ. Но, во секој случај мора да се испочитува постапката и законската рамка како тоа да се направи“, вели Талески.

Директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу вели дека се прават анализи за санација на патот.

„Околу свлечиштето можам да кажам дека проектот, анализите, испитувањата ги врши Градежниот факултет во Скопје. По завршувањето на проектите се надевам дека ние ќе стапиме на сцена и тоа брзо ќе го завршиме“, вели Кадриу.

Сепак, неодамна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека годинава не се издвоени средства за комплетна санација на патот за Пелистер.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG