Достапни линкови

МЦМС: Потребен е нов закон за бранители


Мнозинството граѓани или 78 проценти сметаат дека е оправдано донесување нов Закон за бранителите, покажува истажувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Поделеноста, според истражувањето на МЦМС, се појавува на прашањето за законските одредби за права на поранешните припадници на ОНА, каде 90 отсто од анкетираните етнички Албанци се „за“, додека мнозинството кај сите други етнички заедници е „против“.
Голем дел од граѓаните или 83 проценти сметаат дека е оправдано донесување законки одредби за права на цивилните жртви без оглед на нивната етничка припадност.
МЦМС забележува дека предложениот закон не го опфаќа прашањето на цивилните жртви, загинати и ранети, исчезнати и киднапирани и нивните семејстава и оти има потреба од посебни мерки за нив.
XS
SM
MD
LG