Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Македонците не ја слават Кумановската битка


Прослава по повод 100 годишнината од победата на Србија над османлиското царство владата предводена од ВМРО - ДПМНЕ, не ја смета за настан кој треба да го прославуваат Македонците се вели во соопштението на владејачката партија.

Македонската влада се согласи српската влада достоинствено да го прослави овој, за нив историски чин затоа што тоа е во европскиот дух за градење на добрососедски односи со сите соседи, вклучително и со Србија и само во тој контекст може да се разбере присуството на македонски политичари на настанот. Ваквата реакција следува откако десно ориентираната политичка партија ТМРО ја осуди прославата, сметајќи ја за провокација.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека со овој чин Македонија покажува јасна дистинкција во однос на СПЦ која не дозволуваше влез во манастирот Прохор Пчињски на македонската делегација, со цел одбележување на Асномски Илинден, во просторијата каде што се одржал. Тоа што го прави СПЦ е пример како не треба, а тоа што го прави Македонија е пример како треба да се гради заедничката европска иднина, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG