Достапни линкови

Ирак претресе ирански авион, барајќи оружје за Сирија


Ирачките власти му наредија на ирански карго- авион кој лета кон Сирија да слета на ирачка територија за проверка поради сомнение за пренесување на нелегално оружје. Откако било утврдено дека во авионот се пренесувале само медицински препарати и храна му било дозволено да полета кон Сирија.
Претходно САД изрази загриженост дека Ирак станува нова рута низ која минуваат забранетите пратките со оружје за сириските владини сили. Ирачките власти неколку пати до сега соопштија дека нема да дозволат да биде искористен ирачкиот воздрушен простор и преку нивната тереторија да со снабуваат со оружје сириските владини или бунтовнички сили.
XS
SM
MD
LG