Достапни линкови

Измени во евиденцијата на невработените


Министерството за труд и социјална политика подготви измени и дополнувања на Законот за евиденциите од областа на трудот. Министерот Спиро Ристовски изјави дека со измените на законот ќе се воспостават две евиденции, едната ќе се однесува на невработени лица кои активно бараат работа и евиденција на други лица што бараат работа. Тој објасни дека ова се прави со цел да им се посвети поголемо внимание на невработените кои активно бараат работа, за идентификување на нивните потреби, знаења и вештини преку подготовка на индивидуален план за вработување, што ќе го подготвува Агенцијата за вработување.
Ристовски додаде дека со новите измени нема да биде избришано ниту едно невработено лице од евиденцијата и да ги изгуби правата стекнати по основ на невработеност.
Измените и дополнувањата на Законот ќе почнат да се применуваат од 23 декември годинава, со што ќе почне и обврската за пререгистрирање на евидентираните лица согласно со новите видови евиденција.
XS
SM
MD
LG