Достапни линкови

Николиќ: Одбележувањето на Кумановската битка е порака за мир во регионот


Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави денеска во Куманово дека Македонија и Србија испраќаат порака во светот за мир и разбирање со одбележувањето на 100 годишнината од кумановската битка. Тој додаде дека прославата во Македонија е знак на почитување и сеќавање кон една од, како што вели, најзначајните победи со кои е предизвикана цивилизациска промена во историјата на Балканот, Европа па и светот.
На манифестацијата во кумановско Зебрњак присуствуваа и српскиот премиер Ивица Дачиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додиќ и македонската министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.
Најзначајната битка во првата Балканска војна што ја слави Србија, се одиграла во Кумановско, при што победила српската војска и ги протерала трупите на Отоманската империја јужно од Битола.
Во македонската историографија пак на балканските војни не се гледа како на борби за ослободување на Македонија, туку тоа се војни за поделба на Македонија, која беше претходно договорена со балканскиот сојуз, со дипломатски акти.“
XS
SM
MD
LG