Достапни линкови

Мали бранови стигнаа до Хаваи


Геофизичарот од Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами Џерард Фрајер изјави дека првите бранови кои што ги погоди Хаваи се помали и послаби од очекуваните. Највисокиот бран беше со висина од 1,5 метри. Тој додаде дека евакуацијата може и не беше потребна но се уште рано да се повлече предупредувањето за бран цунами затоа што се уште е можно да следуваат големи бранови.
Локалните власти прогласија вонредна состојба, над 100 жители и туристи беа евакуирани.
Предупредувањето за бран цунами пристигна откако синоќа беше регистриран силен земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала во канадската провинција Британска Колумбија.
XS
SM
MD
LG