Достапни линкови

logo-print

Примирјето во Сирија и денеска не се почитува


Примирјето во Сирија меѓу владините безбедносни сили и бунтовниците во изминативе три дена не се почитува. Во овие два дена се забележани судири предизвикани од двете страни при кои загинале над 70 луѓе во Алепо, Деир ал Зар и Дамаск. Во петокот, според извештаите на новинаските агенции, загинале над 150 луѓе. Претставникот на ОН и Арапската лига Лакдар Брахими сметаше дека со привремно примирје ќе се отвори и шанса за ставање крај на 19 месечниот конфликт при кој загинаа десетици илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG