Достапни линкови

Парламентарни избори во Украина


Денеска во Украина се оддржуваат парламентарни избори, први по доаѓањето на власт на претседателот Виктор Јанукович. Партиите се борат за 450 места во парламентот.
Според предизборните анкети се очекува мнозинството во Собранието да го има владеачката партија и покрај јавното незадоволсто на граѓаните од владините постапки околу даноците и пензиите како и неуспехот во борбата со корупција.

Затворениот опозициски лидер Јулија Тимошенко побара од граѓаните да гласаат за нејзината партија затоа што доколку победи ќе и стави крај на „диктатурата“.

Западот е загрижен за Украина и смета дека демократијата е загрозена. 800 набљудувачи на ОБСЕ се на терен во Украина и ги следат изборите.

Покрај двете партии како изненадување на изборите се појави партијата на познатиот боксер Виталиј Кличко „Удар“ чие главно ветување е борба со корипцијата во земјата и според предизборните анкети постои можност партијата да освои неколку пратенички места.
XS
SM
MD
LG