Достапни линкови

Руската опозиција се координира


Опозициски протест во Москва.

Опозициски протест во Москва.

Координативниот совет на руската опозиција го одржа својот прв состанок и усвои резолуција за поддршка на политичките затвореници. Советот исто така одлучи да одржи демонстрации во декември за да ја одбележи првата годишнина од протестите против изборите за државната Дума. Датумот и местото треба дополнително да се утврдат.

Претходно, на опозициски протест во Москва беа уапсени опозициските лидери Алексеј Навални, Иља Јашин и Сергеј Удалцов.
XS
SM
MD
LG