Достапни линкови

Рускиот милијардер Прохоров целосно се посветува на политиката


Рускиот милијардер Михаил Прохоров.

Рускиот милијардер Михаил Прохоров.

Рускиот милијардер Михаил Прохоров, кој заврши трет според бројот на гласови на претседателските избори во март, изјави дека го напушта бизнисот за целосно да се посвети на политиката. Се проценува дека 47-годиншниот Прохоров има богатство од околу 13 милијарди долари. На конгрес на неговата партија Граѓанска платформа во Москва, тој рече дека потпишал договор за доверба, според кој, неговите партнери во инвестициската групација ОНЕКСИМ ќе управуваат со компанијата. Прохоров вели дека сака да ја предводи третата опција во Русија, која ќе им се спротивстави и на Кремљ и на опозицијата.

Се шпекулираше дека кандидатурата на Прохоров на претседателските избори во Русија е оркестрирана од Кремљ, но тој го негираше тоа.

Неговото враќање во политиката следува откако тој пет месеци молчеше за притисоците од власта врз опозицијата.
XS
SM
MD
LG