Достапни линкови

Уапсени тројца руски опозициски лидери на протест во Москва


Алексеј Навални.

Алексеј Навални.

Руската полиција уапсила тројца опозициски лидери за време на демонстрациите што се одржувале без одобрение од властите во центарот на Москва. Дописниците од Москва јавуваат дека полицијата ги внесла Алексеј Навални и Иља Јашин во полициско возило. Демонстрантите им извикуваа „срамота“ на полицајците што ги уапсија Навални и Јашин и го продолжија протестниот марш и покрај полициските предупредувања.

Лидерот на Левиот фронт Сергеј Удалцов претходно на твитер напиша дека е притворен.

Опозицискиот протест е за поддршка на затворените активисти меѓу кои и Леонид Развожајев, кој тврди дека бил киднапиран во Украина и потоа насилно бил донесен во Москва на почетокот на неделава.
XS
SM
MD
LG