Достапни линкови

САД испрашувале пакистански политичар


Пакистанскиот политичар и поранешен играч на крикет Имран Кан.

Пакистанскиот политичар и поранешен играч на крикет Имран Кан.

Пакистанскиот политичар и поранешен играч на крикет Имран Кан вели дека американските власти го испрашувале за неговите ставови за нападите со беспилотни летала од САД врз цели во неговата земја. На својот твитер профил, тој напишал дека американските емигрантски власти во петокот го симнале од летот од Торонто до Њујорк. Неговата партија соопшти дека поради тоа го пропуштил летот и задоцнил на забава за прибирање донации во ЊУјорк.

Кан напиша: „Мојот став е познат. Нападите со беспилотни летала мора да престанат.“

Американските власти сè уште се без коментар.

Кан е претседател на пакистанското Движење за правдата. Поранешната крикет ѕвезда водеше кампања за прекин на нападите со беспилотни летала против осомничени милитанти во племенските области во Пакистан. Тој вели дека во нападите гинат многу цивили.
XS
SM
MD
LG