Достапни линкови

logo-print

Србија го ограничува бројот на кандидати за азил во ЕУ


Српската Влада подготви пакет-мерки за намалување на бројот на српски граѓани кои заминуваат во држави од ЕУ за азил,соопшти Ненад Бановиќ, претседател на владина комисија за контрола на безвизниот режимо, објави Вечерње новости.
Тој вели дека по барање на Белград, Германија се согласила да ја вклучи Србија во списокот на безбедни држави и се очекува и други држави од ЕУ тоа да го сторат. Во пракса тоа значи дека српски граѓани нема да може да побараат азил повикувајќи се на политичко гонење, и автоматски ќе бидат депортирани.

Комисијата планира заедно со Министерството за транспорт да засили контрола за издавање дозволи на возачи за меѓународен транспорт. Инспектори на Министерството ќе дежураат на границите и ќе ги враќаат возачите кои немаат валидни документи.

Во изминатите три години околу 32 илјади луѓе со српски пасоши побарале политички азил во Германија, Шведска, Белгија, Швајцарија и Луксембург, иако само еден отсто од молбите се прифатени.
XS
SM
MD
LG