Достапни линкови

logo-print

Ирак-бомбашки напад на шиитски верници


Најмалку 5 луѓе загинале, а 9 се повредени при експлозија на бомба прикачена на автобус во кој се превезувале шиитски верници. Некои извештаи велат дека аџиите биле Иранци. Полицијата соопшти дека бомбата била активирана во градот Таџи, 25 километри северно од главниот град, Багдад. Верниците биле упатени кон шиитско светилиште во Багдад за одбележување на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
XS
SM
MD
LG