Достапни линкови

Во Сирија жртви и покрај примирјето


Неколку луѓе загинале денеска во Сирија, на вториот дел од набљудуваниот прекин на огнот за одбележување на муслиманскиот празник Курбан Бајрам. Според активистите за човекови права неколку луѓе загинале во судирите и бомбардирањето во Алепо. Шефот на сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, изјави дека ниту една страна не е подготвена да престане со борбите и примирјето има изгледи да пропадне. Од опсерваторијата велат дека вчера биле убиени вкупно 146 луѓе во бомбашки напади, артилериски оган или во борби. Вчера беше првиот ден од прекин на огнот. Меѓународниот претставник во Сирија, Лакдар Брахими, изјави дека со примирјето може да започне процесот на ставање крај на 19-месечниот конфликт во Сирија.
XS
SM
MD
LG